Поврзете се со нас

Свет

Пешевски блескаше против лидерот Флензбург

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Жарко Пешевски одигра извонреден натпревар во дресот на Штутгарт во пресметката против лидерот во Бундеслигата, составот на Флензбург.

Кружниот напаѓач беше максимално фокусиран, беше во ритам и беше непогрешлив, односно даде пет погодоци од исто толку обиди. Сепак оваа негова партија не беше наградена затоа што гостите се изборија за триумф од 32-30 и со тоа направија исчекор кон освојување на пехарот во најсилниот германски шампионат.

Најзаслужен за победата беше Ване кој даде дури 11 голови.

Инаку Штутгарт е во лоша резултатска серија, нема победа пет натпревари, ама тоа може да го промени веќе во наредното коло на соочувањето со Нордхорн-Линген.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни