Поврзете се со нас

Свет

Пешевски без промашување во гостинската победа на Штутгарт

Објавено

на

Македонскиот ракометен репрезентативец Жарко Пешевски беше меѓу најдобрите поединци на Штутгарт, во бундеслигашката победа против Ерланген (27:32).

Гостите освоија важни бодови во битката за опстанок во германската елита, влегувајќи во позитивна мини-серија која започна со ремито против фаворизираниот Фуксе Берлин.

Штутгарт уште на полувреме имаше предност (13:17), а во ист стил продолжи и во вториот дел, обезбедувајќи ја победата против многу подобро пласираната екипа на табелата.

Пешевски постигнал 4 гола од исто толку упатени удари кон противничкиот гол, додека повторно најефикасен во редовите на Штутгарт бил Кристјансон со 7 голови.

Штутгарт сега има 7 бода и барем моментално се извлече од опасната зона во германското првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни