Поврзете се со нас

Свет

Пешевски без грешка во важната победа на Штутгарт, порази за Томовски и Миркуловски

Објавено

на

Тимот на Штутгарт за кого настапува репрезентативецот Жарко Пешевски издвојува многу значајна победа над Нордхорн-Линген (29-26) во битката за опстанок во првата лига на Германија.

Гостите одиграа едно моќно прво полувреме во кое се изборија за убава предност од 17-11 и со тоа си ја олеснија работата во продолжението во кое ја одбранија позитивата за три бода или поточно прво славје по повеќе од еден месец.

Пешевски одигра беш грешка и даде два гола од два обиди, најпрецизен беше Лон со 9 погодоци.

Мартин Томовски и Филип Миркуловски пак претрпеа порази со своите Лудвигсхафен и Вецлар.

Томовски имаше седум одбрани на гостувањето кај Магдебург (37-29), додека  Жути запиша една аситенција во пресметката со Балинген (30-28).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни