Поврзете се со нас

Свет

Пешевски без грешка, Штутгарт влезе во лоша резултатска серија

Објавено

на

Екипата на Штутгарт за кога настапува македонскиот репрезентативец, Жарко Пешевски со пораз ја заврши 2020 година во Бундеслигата.

Жаре и неговите соиграчи пред своите гледачи беа надиграни од составот на Бергишер со 30-26. Гостите одиграа многу квалитетно во првите 30 минути во кои си обезбедија позитива од шест голови (18-12), предност која се покажа како доволна за продолженето и освојување на два бода.

Нашиот Пешевски одигра без грешка во нападот и даде два гола од два обиди. Штуцке од редовите на Бергишер со вкупно 7 погодоци беше најдобар стрелец на натпреварот.

Ова за Штутгарт беше трет пораз во низа, па од оваа година се одјавува со 15 бода доволни за 10 место во првата германска лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни