Поврзете се со нас

Свет

Пешевски без грешка, Штутгарт ја прекина лошата резултатска серија

Објавено

на

Штутгарт на репрезентативецот Жарко Пешевски и стави крај на лошата резултатска серија во Бундеслигата и тоа во пресметката против Гепинген која ја доби со 28-26.

Домаќините беа решени да ја прекинат низата од пет порази во шампионатот, цел која успеаа да ја остварат со ангажирана, пожртвувана и квалитетна игра низ сите 60 минути.

Жаре и пријателите имаа плус три на полувреме (13-10), позитива која во вториот дел во повеќе наврати беше и плус шест за да до крајот гостите се изборат за пораз со помала разлика.

Пешевски немаше грешка и даде два гола од два обиди. Штутгарт со 23 бода се наоѓа на 12. позиција во првенството.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни