Пешевски без грешка против Скјерн

pesevski

Македонскиот репрезентативец, Жарко Пешевски со Мотор Запорожје доживеа нов пораз во Лигата на шампионите и тоа на гостувањето во Данска кај Скјерн со 37-33.

Украинците уште по првиот дел беа во негатива од пет голови (19-14), позиција од која не успеаа да се вратат во игра и да бидат конкурентни за позитивен резултат на овој натпревар.

Во средбата со дури 70 голови најефикасни беа Мирхол со 8 голо кај домаќините, односно Маласинкас и Пачковски со по седум гола кај гостите. Нашиот Пешевски имаше перфектен учинок и постигна два погодоци од исто толку обиди.

Facebook Коментари