Поврзете се со нас

Европски купови

Пешевски: Агуаш Санташ е опасен тим, мора да играме паметно и трпеливи во нападот

Објавено

на

Екипата на Пелистер е пред нов тест во ЕХФ Европската лига, прв на гостински терен во оваа сезона и тоа во Португалија против Агуаш Санташ.

Ова е дуел кој се очекува да донесе многу борба, дуел на две екипи кои доживеаа порази на стартот, па решавачки можат да бидат и најанси околу победникот.

-По поразот од Архус немавме многу време за подготовка, но знаеме за каков противник се работи. Преку видео анализи ја воочивме играта на противникот и верувам дека спремни ќе го дочекаме натпреварот.

-Агуаш Санташ е опасен и агресивен тим. На домашен терен играат агресивна одбрана, па затоа мораме да бидеме трпеливи во нападот, да одиграме паметно и без брзање. Во овој натпревар влегуваме со ладна глава, и тие го загубија првиот натпревар и мотивацијата ќе биде иста на двете страни. Но, верувам дека ние ќе бидеме тие кои што ќе ги слават првите бодови. Гостинските бодови се многу важни, нема да биде никаде лесно затоа што ова е изедначена група ако се тргне на страна Фуксе Берлин.

Средбата се игра утре од 20:45 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни