Поврзете се со нас

Балкан

Пероти ставил потпис на договор со турски клуб

Објавено

на

Диего Пероти ќе ја напушти Рома и според информациите на медиумите, веќе го избрал својот следен клуб.

Се работи за Фенербахче, клубот кој ќе плати симболични 1,7 милиони евра за Аргентинецот, кој утре треба да ги мине лекарските прегледи.

Одамна беше јасно дека Пероти нема иднина во Рома и летово ќе бара друга средина, а покрај со Фенербахче имал сериозни преговори и со Ал Шабаб од Бахреин.

Аргентинецот сепак ја прифатил понудата на составот од Истанбул, а неговата годишна плата ќе биде 2,5 милиони евра.

Сезонава Пероти собра 26 настапи за Рома, на кои постигна 6 голови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни