Поврзете се со нас

Македонија

Перо Блажевски се врати во МЗТ

Објавено

на

Македонската кошаркарска легенда, Перо Блажевски се врати во Аеродром во таборот на МЗТ каде ќе биде тренер на втората екипа на „штрковите“.

Блажевски го прифати повикот и во наредната сезона ќе го води составот на МЗТ Скопје УНИ Банка кој се натпреварува во првата македонска лига. Ова за Перо ќе биде прв предизвик како тренер на тим од првата лига, па своето искуство и знаење ќе треба да им го пренесе на младите „штркчиња“.

Поранешниот македонски репрезентативец доаѓа на местото на Борче Даскаловски кој одлучи да си замине од клубот и покрај тоа што доби понуда да остане.

Инаку Перо во кариерата во неколку наврати го носеше дресот на МЗТ, а вечно ќе биде запаметен по погодените слободни фрлања за победа против големиот Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни