Перо Антиќ има врвен вкус за супер автомобили, се почести со Ферари Калифорнија! (ФОТО)

Pero-Ferrari22

Најголемата македонска кошаркарска ѕвезда Перо Антиќ, ќе има можност да почувствува адреналинот што го нуди возењето спортски автомобил и да ужива во тоа зад воланот на луксузниот спортски кабриолет, Ferrari California.

Објективот на „Дерби“ го улови новото милениче на Антиќ на словенечка територија, односно во Брежице, натоварено на влечна служба од  Авто мото сојузот на Србија, а неофицијалните информации упатуваат дека возилото било упатено на сервис за претстојната летна сезона, кога 2,11 метри високиот кошаркар ќе може да ужива „со ветар во косата“. Aтрактивниот спортски кабриолет располага со моќен 4.3 литарски мотор со 8 цилиндри и моќност од 460 коњски сили, а според фабриката има максимална брзина од 315 километри на час.

Pero-Ferrari00

Pero-Ferrari11

Македонскиот кошаркар е познат љубител на спортски автомобили, па во текот на својата кариера возеше и Мустанг додека настапуваше во Русија. За време на својата кариера во САД, за официјалниот портал на клубот рече дека ако не бил кошаркар, веројатно ќе возел трки. Антиќ во моментов е дел од Црвена Звезда, а во кариерата испиша историски успеси откако освои три титули во Евролигата и стана првиот Македонец во НБА лигата.

Facebook Коментари