Поврзете се со нас

Балкан

Перишиќ се отвори: Ја ризикував кариерата поради Хајдук, потоа некој одлучи…

Објавено

на

Foto:x.com/hajduk

Иван Перишиќ требаше да биде големо засилување за Хајдук, клуб кој се обидува по долга пауза конечно да се врати на врвот во хрватскиот фудбал.

Меѓутоа епизодата на Перишиќ во Сплит не траеше долго или поточно таа завршува летово и тоа на начин на кој никој не го посакуваше. Се појавија одредени проблеми, ветеранот беше остранет од тимот за да потоа тренерот Џенаро Гатузо го „фрли во вода“ пред јавноста посочувајќи дека тој дошол во неговата канцеларите и побарал да си замине.

На ова се надоврзаа навивачите, стигнаа навреди, закани за Перишиќ што едноставо беше знак дек тука некаде ќе заврши оваа приказна. Која ќе биде новата средина на Иван останува да видиме, а во меѓувреме Хрватот се отвори и ја даде својата верзија за тоа што се случи сега и во изминативе месеци.

-Дојдов во Хајдук со надеж дека заедно ќе го оствариме сонот и ќе ја освоиме титулата. Имав добар договор со Тотенхем, а и кога се повредив имав одлична понуда од голем странски клуб, каде што би имал фантастични услови за рехабилитација и барем иста шанса да играм како што ја имав овде. Наместо тоа, на покана на управата на клубот и навивачката база, избрав живот без семејство кое живее во странство со надеж дека ќе помогнам во борбата за титулата и пласманот во групната фаза од Лигата на шампионите.

-Во каква состојба и да бев, во секој момент, дури и кога влегов во игра на Куп-натпреварот против Динамо, и покрај препораките на сите лекари, ризикувајќи повреда со која би завршила мојата кариера, дадов се од себе за да постигнам заедничка цел. Од првиот ден до денес останав на договорот, поставените правила, но и мојот збор, а два пати по ЕП одбив понуди од сериозни клубови за да му помогнам на клубот ова лето, -рече Перишиќ за „Далматински портал“ и додаде:

-Па, ваљда на сите им е јасно дека не ги избрав Хајдук и Сплит поради пари или здравствена заштита. Во мојата желба да помогнам, многу пати го ставив моето здравје и моето семејство на втор план и не се каам затоа што не знам друг начин, но во неделата навечер некој друг излезе напред и реши тој повеќе да не ми требаше мојата помош.

-Што се однесува до минатата сезона, за жал, не успеавме. Колку и да ми е тежок неуспехот, како и на сите момци и на сите навивачи кои речиси 20 години ја чекаат титулата, неуспехот е исто така дел од фудбалот. Од кога се сеќавам, на Хајдук гледам како на нешто големо и така ќе се однесувам во момент кој е исклучително тежок за мене и за моето семејство. На клубот му посакувам сета среќа, победа во четврток, пласман во Европа и освојување на титулата, без разлика кој е во клубот, -порача Перишиќ за кого има информации дека има понуда од Комо да се врати во Серија А.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни