Перишиќ проговори за можноста да остане во Баерн

ivan

Хрватскиот офанзивец, Иван Перишиќ во текот на летниот преоден рок дресот на Интер го замени со оној на германскиот шампион Баерн Минхен.

Тој дојде на едногодишна позајмица во таборот на баварците со опција бундеслигашот да може да го откупи неговиот договор по крајот на сезоната. Едно такво позитивно сценарио и останување на Иван во Минхен веќе најави Карл-Хајнц Румениге, а дека тоа е повеќе од возможно потврди и самиот фудбалер.

-Мислам дека тоа е можно. Се е позитивно досега во Минхен, приватно и во однос на фудбалот. Имам договор за едногодишна позајмица со право на откуп. Одам чекор по чекор, ден по ден. Ќе видиме, -истакна Хрватот.

Facebook Коментари