Поврзете се со нас

Свет

Перишиќ позираше со новите клупски обележја: Изненаден сум што завршив тука, ја избрав „5-та“ поради Зидан (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/PSV

Иван Перишиќ на доста непријатен начин се збогуваше со Хајдук и остана слободен агент, а автоматски тоа му овозможи да биде активен на трансфер пазарот и по завршувањето на летниот преоден рок.

Искусното хрватско крило во изминатиот период се поврзуваше со трансфери во италијанската Серија А, шпанска Ла Лига и Саудиска Арабија, но на крајот многу брзо се договори со актуелниот холандски шампион.

ПСВ го официјализираше ангажманот на Перишиќ и се пофали со засилување кое ќе донесе огромно искуство во Лигата на шампионите, натпреварување во кое холандскиот првак стартуваше во вторникот со пораз од Јувентус.

При првото интервју за клупската телевизија, Перишиќ даде објаснување за својот неочекуван трансфер во ПСВ, но откри и зошто за првпат во кариерата ќе игра со бројот „5“ на својот грб.

– Да бидам искрен, малку сум изненаден што завршив тука, но веќе некое време бев слободен агент и ја чекав најдобрата опција за мене и моето семејство. Лесно ја донесов оваа одлука кога истата се отвори како опција. Од ПСВ ми се јавија во саботата, тоа беше лесен процес и сакав работата да се заврши што е можно побрзо. Сакам да почнам да тренирам и да им помагам на новите соиграчи. Целта ми е да уживам во фудбалот, сметам дека имам уште многу што да понудам.

– Сакам да се борам за трофеи и пристигнувам со такви амбиции во ПСВ. Секогаш сакам повеќе на теренот, играв за многу клубови во различни држави, а секаде целта ми била да победувам. Имав неколку понуди од Италија, Шпанија и Франција, имаше и понуди од арапски клубови, но сакав да продолжам да се борам за трофеи, нешто што ми е гаранција со ПСВ.

– Бројот „5“. Мој омилен број е 4, но тој е зафатен од друг соиграч. Петката ја земав бидејќи еден од идолите ми беше Зинедин Зидан, тој го носеше овој број во Реал Мадрид, – вели Перишиќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни