Поврзете се со нас

Балкан

Перишиќ откако беше отстранет од првиот тим на Хајдук: Не ми паѓа на памет… (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/hajduk

Џенаро Гатузо се обидува да воспостави ред и мир во Хајдук на стартот на својата неочекувата авантура во Хрватска, но дисциплината е она на кое Италијанецот обрнува најголемо внимание.

Рино во првите два месеци веќе изостави неколку играчи од пријателските поради недисциплина, но сега тоа го направи и со добро познато и легендарно име во хрватскиото фудбал.

Гатузо докажува дека правилата важат исто за сите, па така вчера го отстранил Иван Перишиќ од првиот тим и тој нема да конкурира за настап на денешниот меч со Локомотива.

Краткото објаснување е дека крилниот напаѓач е изоставен поради недисциплина, а засега не е познато кога ќе има шанса да му се врати на тимот.

Поради тоа што станува збор за играч со големо репрезентативно искуство, јавноста во Хрватска даде огромно значење на оваа тема, па во раните утрински часови се гласи и самиот Перишиќ.

– Денес имаме важен мееч и не ми паѓа на памет да ги пореметам момците и мирот во клубот. Нема да го свртам вниманието на себе. Среќно на цел тим, а за ова што се случи ќе зборуваме потоа, – објави Перишиќ.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни