Поврзете се со нас

Балкан

Перишиќ ќе го засили Хајдук, ќе мора да почека за своето деби

Објавено

на

Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ се рехабилитира по сериозната повреда, но во вториот дел од сезоната ќе биде член на Хајдук.

Перишиќ официјално ќе биде позајмен од Тотенхем во редовите на сплитските „били“, но мали се шансите и воопшто да се врати во лондонскиот тим и уште еднаш да го облече дресот на премиерлигашот.

Хајдук нема да смета на големото засилување уште веднаш, но може да очекува негово враќање на терените во втората половина на април, по што би му помогнал на својот нов тим во битката за титулата во хрватското првенство, а самиот би изборил место за настап на Европското првенство во Германија.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, Перишиќ деновиве ќе биде претставен како засилување на Хајдук, па и официјално ќе му стане соиграч на нашиот Александар Трајковски. Крилниот напаѓач потекнува од младинската академија на сплитскиот клуб, но досега нема сениорски настап за истиот.

Пред паузата, Хајдук стигна до предност од седум бодови во однос на шампионот Хајдук, но има и два натпревари повеќе од најголемиот ривал, додека Риека има шест бода помалку и еден натпревар за доигрување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни