Балкан
Перишиќ ја заврши кратката епизода во Хајдук
Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ пристигна во Хајдук како големо засилување, но многу краток период и симболичен број настапи заминува од Сплит и тоа како омразена личност кај фановите на овој клуб.
Хајдук потврди дека договорот со Перишиќ е раскинат доцна синоќа, со што крилниот напаѓач е слободен агент и наредниов период ќе може да си одбере клуб во кој ќе ја продолжи кариерата.
Според однапред договорените клаузули, Перишиќ можел да се ослободи од обврските кон Хајдук ако исплати 200.000 евра, па се чини дека фудбалерот ја прифатил таа опција за да ја заврши неславната епизода во редовите на сплитските „били“.
Перишиќ влезе во конфликт со тренерот Џенаро Гатузо, кој јавно истакна дека фудбалерот му порачал дека сака да го напушти Хајдук, што донесе многу критики и навреди на сметка на хрватскиот репрезентативец од страна на фановите на клубот и дополнително ја влоши атмосферата во екипата која не ги постигна посакуваните резултати на почетокот на сезоната.
Како слободен агент Перишиќ може да потпише и по крајот на преодниот рок, а најавите се дека ќе се врати во Серија А, каде претходно настапуваше за Интер.
-
Балканпред 17 часа
Гатузо со вулгарни зборови по големата дерби победа над Динамо: Би бил вистинско……
-
Шпанијапред 16 часа
Помладиот Белингем за ѕвездата на Реал: Џуд е бескорисен…
-
Светпред 18 часа
Димитриоски и Карапалевски со ист учинок, Валјадолид испушти победа во АСОБАЛ лигата
-
Шпанијапред 14 часа
Јамал: Сакам да играм заедно со него секоја недела
-
Шпанијапред 16 часа
Деко за играчот кој си замина од Барселона: Му понудивме договор и важен проект, но тој…
-
Англијапред 11 часа
Гвардиола: Првпат се сложувам со Тебас
-
АТПпред 13 часа
Руд застана зад Синер: Се запознав со правилата, ако внимателно прочитате…
-
Балканпред 15 часа
Гатузо се занесе и го бакна Ливаја во уста (ВИДЕО)