Поврзете се со нас

Италија

Перин: Јувентус ја смени филозофијата и ние сме на победнички пат

Објавено

на

foto: x.com/juventusfcen

Јувентус не успеа да ги освои трите бода на гостувањето кај Лече или поточно остана без целиот плен во 93. минута кога Ребиќ се најде на вистинското место и ја затресе мрежата на клубот од Торино.

Ова е резултат кој не може да ги радува „бјанконерите“, но доста играчи недостасуваат и сигурно работите ќе беа поинакви ако тренерот Тиаго Мота можеше да смета на сите свои асови.

-Факт е дека ни недостасуваат тие играчи, но исто така не сакаме да зборуваме за тоа или да се жалиме себеси. Има многу млади момци кои пристигнаа и се докажуваат. Ова е тим изграден со 23-24 играчи кои сите можат да се заменат еден со друг. Дојдовме овде со цел да победиме, не затоа што сме Јуве, туку затоа што сме сигурни дека сме на победнички пат. Тоа е начин на игра што ја зголемува нашата веројатност за победа и веруваме во тоа.

-Лече заслужува признание за начинот на кој тие возвратија во второто полувреме оваа вечер, но ние фундаментално ја сменивме филозофијата и веруваме во таа визија, -рече голманот Матија Перин кој порача дека тие и понатаму ќе се борат за врвот на табелата.

-Мора да продолжиме. Тешкотиите се можност, треба да докажеме дека Јуве може да издржи и покрај повредите, а тоа создава чувство на почит кај нашите противници. Ова го доживуваме како можност, го гледам во очите на моите соиграчи во текот на неделата на тренинзите. Не можеме секогаш да го правиме тоа, но постои голема желба да докажеме дека сме на победнички пат, -подвлече Перин.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни