Европски купови
Периќ и Граџан едногласни пред Магдебург: Нема да се предадеме, ќе одиграме најдобро што можеме

Составот на Еурофарм Пелистер е пред нов сериозен тест, реваншот против Магдебург во осминафиналето на Лигата на Европа.
Битолчани загубија на првата средба со 32-24 за да потоа претрпат пораз и од Вардар во големото дерби во домашниот шампионат, па затоа сега четата на Бабиќ е дополнително мотивирана и желна да покаже дека може многу подобро, односно дека може да се носи рамноправно и со тимови со поголемо реноме.
-Очигледно е дека падот на формата дојде во најлошо можно време. Треба да се собереме и да одиграме најдобро што можеме против Магдебург во Германија. Мораме тој натпревар да го искористиме за да извлечеме поуки и да смениме што не функционираше во нашата игра и да се вратиме на прав пат, бидејќи ни следат уште многу важни натпревари во краток период, -вели Јосип Периќ.
Сличен став како Периќ има и Елмир Граџан.
-Магдебург е екипа за која не треба да се трошат зборови. Покажаа дека се една многу квалитетна екипа. И ние сезонава покажавме дека можеме секому да парираме. На последните два натпревари малку паднавме, но верувам дека во Магдебург ќе го покажеме вистинското лице. Без разлика на заостанувањето од Битола, нема да се предадеме. Се подготвуваме и сигурно ќе бидеме незгоден противник за нив, -порача кружниот напаѓач.
Дуелот Магдебург-Пелистер се игра утре од 18:45 часот.

- Англијапред 21 час
Летна и првата глава по неуспехот на Супер лигата, навивачите на Манчестер Јунајтед во транс
- Англијапред 23 часа
Позната причината поради која Даниел Леви го отпуштил Жозе Мурињо
- Македонијапред 24 часа
Ново заминување од „црвено- црниот“ табор: Уште еден ракометар си оди од Вардар
- Светпред 22 часа
Европската лига се распадна како кула од карти по само два дена: Вечерва клучен состанок за откажување
- Англијапред 20 часа
Сунес со остар коментар: Девет месеци имаа состаноци со другите директори, Вудвард е само почетокот (Видео)
- Англијапред 23 часа
Фудбалерите го креваат гласот: Хендерсон ќе ги собере сите капитени и ќе ги обедини против Супер лигата
- Италијапред 21 час
Италијанските новинари едногласни за статусот на Ањели во Јувентус
- Лига на шампионипред 20 часа
Перез за „Лекип“: Не сме загрижени, ќе го реализираме проектот Супер лига