Поврзете се со нас

Свет

Перфектниот Уругвај ја елиминираше Америка, Панама испиша историја на Копа Америка (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/fepafut

Америка како домаќин на Копа Америка во најмала рака се очекуваше да биде дел од нокаут фазата на турнирот, но наместо тоа, организаторот се посрамоти и рано утрово доживеа елиминација во групната фаза.

Поразот од Панама беше најава за најцрно сценарио, а рано утрово немилосрдни се покажаа и перфектните Уругвајци кои од неодамна се преводенио од „Лудакот“ Марсело Биелса.

Уругвај победи со 1:0 и со максимални три победи патува во четвртфиналето, фаза во која ќе имаме и еден историски момент, пред се благодарение на сензацијата која ја приреди Панама.

По неверојатната победа над Америка, Панама рано утрово славеше и над Боливија со 3:1, па така за првпат во својата историја ќе игра во четвртфинале на Копа Америка, или на било кое големо натпреварување.

Последните два патници во четвртфиналето на Копа Америка ќе ги дознаеме од пресметките меѓу Бразил-Колумбија и Костарика-Парагвај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни