Поврзете се со нас

Свет

„Перфектната петка“ на Кузмановски доволна само за бод на Хановер

Објавено

на

Филип Кузмановски освои само бод во дресот на Хановер, додека репрезентативниот голман Мартин Томовски се соочи со уште еден пораз на Лудвигсхафен во денешните натпревари од ракометната Бундеслига.

Хановер му гостуваше на незгодниот Ерланген, кој во минатото коло убедливо го победи Лајпциг, а денеска стигна до реми со резултат 21:21 против Кузмановски и неговите соиграчи.

Македонскиот бек постигна 5 голови за Хановер и тоа без промашување, а поефикасен од него бил само Мартиновиќ со 8 погодоци. Сепак, тоа не беше доволно за победа, па овој неизвесен дуел заврши со по еден бод за двете екипи, при што Ерланген израмнувал во последните секунди.

Лудвигсхафен немаше сили да му се спротивстави на Фуксе Берлин и загуби со 23:34, а Томовски стигнал до солидни 7 одбрани на оваа средба, на која Шкоф додаде уште две за домаќините.

Лудвисхафен останува на само две победи и вкупно пет бодови, што е доволно само за трето место одназад на бундеслигашката табела.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни