Поврзете се со нас

Англија

Перфектната асистенција на Регилон се покажа како недоволна, Кавалеиро го разочара Мурињо (Видео)

Објавено

на

blank

Одложениот натпревар меѓу Тотенхем и Фулам се одигра вечерва во Северен Лондон, дуел на кој Жозе Мурињо на своја кожа го почувствува специјалитетот на тимот кој го предводи Скот Паркер.

Фулам допатува на гостувањето со многу проблеми поради Ковид 19 и четири реми средби во низа, а вечерва ја оствари и петтата во серија откако се избори за голем бод на „Тотенхем стадионот“.

Избраниците на Жозе Мурињо го започнаа мечот онака како што се очекуваше од нив, но по погодкот за водство на Хари Кејн, гостите постојано се закануваа и на крајот добија заслужена награда. Потег на мечот дефинитивно беше перфектниот центаршут на Серхио Регилон со кој буквално го погоди во глава напаѓачот на Тотенхем, но тоа се покажа како недоволно за нови три бода во Премиер лигата.

Минималното водство во неколку наврати оваа сезона му се удри од глава на Мурињо, а така беше и вечерва бидејќи на 15-тина минути пред истекот на регуларните 90, гостинскиот тим израмни на 1:1.

Сонародникот на Жозе, Иван Кавалеиро беше стрелец на израмнувачкиот гол, а со истиот, Фулам го прокнижи петтото реми во низа во Премиер лигата, додека Тотенхем не успеа да врзе втора победа по онаа над Лидс Јунајтед на домашен терен.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни