Поврзете се со нас

Свет

Перфектна партија на Ристовска пред дербито со Ростов

Објавено

на

foto:www.facebook.com/whccska

Македонската репрезентативка, Сара Ристовска и ЦСКА Москва дојдоа до нов триумф во домашниот шампионат, триумф на гостувањето во Тољати кај Лада со 27:24.

Лада знае да биде незгоден домаќин, но Сара и компанија пронајдоа решение, начин да дојдат до посакуваниот триумф пред големото дерби со Ростов закажано за 19 овој месец.

Пресудно беше изданието во вториот дел во кој се играше многу тврдо со малку голови, па резултатот 11-8 беше доволен за конечно славје на ЦСКА.

Ристовска одигра без грешка за 30 минути на теренот, поточно нејзиниот учинок беше три од три. Најефикасна беше Сабирова со осум реализации.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни