Поврзете се со нас

Германија

Перфектен крај на годината: Баерн испука „петарда“ во дербито во Бундеслигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/FCBayern

Баерн Минхен си поигра со РБ Лајпциг (5-1) во дерби средбата од 15. рунда во германската Бундеслига.

Иако баварците се поквалитетни се очекуваше далеку поголем, посилен отпор од „биковите“ на „Алијанц Арена“, но тимот на нашиот Елмас доби „петарда“ во својата мрежа.

Веќе по 2 минути игра резултатот беше 1-1 и тоа откако Мусиала реализираше за домаќините, а Шешко за гостите.

Меѓутоа избраниците на Компани беа на повисоко ниво и во преостанатиот дел на првиот дел дојдоа до водство од 3-1 благодарение на Лајмер и одличниот гол на Кимих. Овој резултат беше активен се до завршницата кога од 75 до 78 минута Баерн уште двапати го матираше противникот, а сега улогата на стрелци ја имаа Сане и Дејвис.

Со ова клубот од Минхен на идеален начин ја заокружи 2024 година, прво место на табелата со 36 бода, седум повеќе од Баер Леверкузен кој утре го дочекува Фрајбург.

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни