Перфектен гест: Матиќ му платил подготовки во Анталија на српски третолигаш

matic

Немања Матиќ стана еден од највлијателните фудбалери во составот на Жозе Мурињо, но ваквиот статус во Манчестер Јунајтед не го променија неговото однесување кога се работи за клубот од општината во која израснал и во кој минал важен дел од кариерата во младинските денови и за него има многу големо емотивно значење.

Според српските медиуми, Матиќ деновиве ги информирал одговорните во нисколигашот Јединство од Уб дека имаат обезбедено десетдневни бесплатни подготовки во Анталија, локација на која зимските подготовки ги реализираат и богатите европски клубови.

Матиќ бил задоволен од игрите на Јединство по враќањето во Третата српска лига, па затоа и решил да ги почести фудбалерите со професионални подготовки.

Facebook Коментари