Поврзете се со нас

Италија

Перфектен ден за браќата Инѕаги: Лацио сигурен, Беневенто со голем пресврт во Џенова (Видео)

Објавено

на

Лацио и Беневенто ја започнаа новата сезона со победа, што донесе и перфектен ден за браќата Инѕаги кои се тренери на екипите кои славеа во двете одиграни средби во терминот 18 часот.

Лацио беше сигурен на Сардинија каде го победи Калјари со 2:0, додека Беневенто како повратник во Серија А, направи целосен пресврт на гостувањето кај Сампдорија.

Лацари брзо донесе предност за Лацио, со што овозможи помирна игра на избраниците на Симоне Инѕаги, а по неколку неискористени шанси, Имобиле ги постави конечните 0:2 во 74. минута, додека Марушиќ ја запиша втората асистенција.

Многу повозбудливо беше во Џенова, каде со головите на Квалјарела и Коли, до 33. минута Сампдорија имаше 2:0. Но, Беневенто намали во финишот на првиот дел, а со вториот гол на Калдирола израмнија во вториот дел.

Летиција во 88. минута постигна гол и ги шокираше домаќините, комплетирајќи го пресвртот на Беневенто и му ја донесе првата Серија А победа на тренерот Пипо Инѕаги.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни