Англија
Перфекционистот Гвардиола му најде замерка на Халанд: Тој игра на најтешката позиција на теренот, но мора…
Ерлинг Халанд со два гола му донесе победа на Манчестер Сити во лигашката пресметка против Евертон со што на најдобар можен начин го најави дуелот со ФК Копенхаген во Лигата на шампионите.
Ова за Норвежанецот беа први голови откако ја надмина повредата, голови кои сигурно ќе му помогнат да се врати во ритам, да биде уште поопасен во продолжението, но без разлика на погодоците тренерот Пеп Гвардиола му најде замерка на голгетерот.
Шпанецот смета дека Халанд не смее да биде нервозен, поточно да остане смирен затоа што сигурно ќе ги има шансите што ги посакува.
-Ерлинг е млад, игра на најтешката позиција на теренот опкружен со четири или пет играчи со мал простор. Во првото полувреме [против Евертон] можеби немавме играчи кои можат да испорачаат како Кевин [Де Брујне] на пример, кои можат да го најдат. Во тој момент мора да биде позитивен. Ќе дојде.
-Кога даде гол, реагираше но нема потреба да постигне гол бидејќи ни помага за многу работи. Не е само постигнување гол. Враќањето [по два месеци надвор] не е лесно и тој е натпреварувачки настроен и сака да постигнува голови. Ок, тоа го знам тоа, го знаеме тоа, па опуштено, -порача Пеп.
-
Шпанија21 час
Гути: Нешто не функционира во овој Реал Мадрид
-
Шпанија23 часа
Џентлменски потег: Реал Мадрид со голема почит го испрати Иниеста во пензија
-
Германија20 часа
Баерн подготвува „понуда која не се одбива“ за Мусиала
-
Свет8 часа
Клоп со прва изјава за својот нов фудбалски проект: Не можам да бидам повозбуден
-
Италија24 часа
Капело критикува важен играч на Милан: Создава само негативна енергија
-
Англија19 часа
Палмер го победи Белингам во изборот за англиски фудбалер на годината
-
Англија21 час
Крај на една ера: Манчестер Сити останува без архитектот на моќниот тим на премиерлигашот
-
Франција22 часа
„Седумката“ на Гризман во француската репрезентација доби нов сопственик