Перфекција на стартот: Новите „воини“ на Милевски ја прегазија Ерменија (Видео)

U-21 (5)

Младата македонска репрезентација за играчи до 21 година со перфектна и чиста победа над Ерменија од 3-0 го започна новиот циклус на квалификациите за пласман на Европското првенство во Италија и Сан Марино во 2019 година.

Новите „воини“ на Благоја Милевски го надиграа противникот во Ереван и со хет-трикот на капитенот Тихомир Костадинов покажаа оти во нив има доволно материјал за да го повторат историскиот успех на нивните колеги кои годинава играа на шампионатот во Полска.

Костадинов два пати стрелаше во првиот дел во 8, 26 минута. додека во 72 минута со удар со глава ја комплетираше одличната партија.

Во следната рунда во месец октомври сме домаќините на северниот сосед на Србија.



Facebook Коментари