Формула 1
Перез заслужено најдобар во Саудиска Арабија, Ферстапен се погрижи за еден-два триумф на Ред Бул

Макс Ферстапен поради проблем со погонската единица остана без шанси да се бори за висока позиција на вчерашните квалификации, а тоа навистина многу влијаеше на денешната трка во Саудиска Арабија, која мина во знакот на двата возачи на Ред Бул.
Чекор Перез на почетокот беше престигнат од Фернандо Алонсо кој неправилно стартуваше, но брзо успеа да се рехабилитира и ја врати првата позиција, која потоа не ја испушти до крајот. За разлика од него, Макс стартуваше дури 15-ти и во првите неколку круга беше доста резервиран, но откако ги загреа гумите, почна да ги прелетува болидите пред себе.
На половина од трката, Ферстапен стигна до четвртата позиција, а потоа на патеката влезе безбедносно возило, кое дополнително му ги олесни работите на светскиот првак.
Ферстапен имаше среќа и без проблеми ги мина Расел и Алонсо, но сепак немаше доволно брзина да го стигне и престигне својот тимски колега, кој по триумфот во квалификациите, денеска беше најдобар и на трката во Џеда.
Фантастичниот болид на Астон Мартин повторно му донесе одлична трка на Фернандо Алонсо кој повторно се најде на подиумот како третопласиран, а зад него се најдоа двајцата возачи на Мерцедес, Расел и Хамилтон. Во топ 10 се пласираа уште Саинц, Леклер, Окон, Гасли и Магнусен.
-
Светпред 22 часа
Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…
-
АТПпред 12 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Шпанијапред 23 часа
Димитриевски е на листата на потенцијални засилувања за Реал
-
Италијапред 9 часа
Погрешен прв чекор: Ѕвезда на Интер падна излегувајќи од автобусот во Истанбул (Видео)
-
Лига на шампионипред 11 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето
-
Лига на шампионипред 21 час
Де Брујне пред финалето со Интер: Секогаш е истата приказна…
-
Лига на шампионипред 23 часа
Халанд: Финалето ќе биде посебно, имаме мисија која…
-
НБАпред 10 часа
Јокиќ коментираше потег на соиграч и ги изнасмеа новинарите: Сакав да го удрам… (Видео)