Поврзете се со нас

Шпанија

Перез за „Златната топка“: Винисиус не ја освои поради Албанија…

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот заврши во рацете на Родригез Ернандес Касканте, ситуација која дефинитивно не беше добро прифатена во Реал Мадрид кои одлучија да го бојкотираат овој настан, цереминија, поточно ниту еден нивен член на присуствуваше на доделувањето на „Златната топка“ во Париз.

Иако оттогаш помина доста време оваа тема не е затворена, па сега редот му дојде и на претседателот на „кралевите“ Флоорентино Перез кој објаси зошто признанието не завршило во рацете на Винисиус Жуниор кој важеше за фаворит во медиумските кругови и поголемата фудбалска јавност.

-Да не гласаа новинарите од Намибија, Уганда, Албанија и Финска, Винисиус ќе ја добиеше Златната топка. Овие земји не му дадоа ниту еден глас. Барем Финецот поднесе оставка и рече дека повеќе нема да биде дел од жирито.

-Златната топка мора да се организира самостојно и гласовите за оваа награда да бидат во рацете на луѓе со признат престиж, тренери за сите да сфатат дека нивниот углед е загрозен со нивниот глас. Не знаеме кој гласал за нив од земји што не ги знаеме. Поради сите овие причини, Реал Мадрид сметаше дека е соодветно да не присуствува на овој натпревар, -порача Перез.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни