Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Перез за „Лекип“: Не сме загрижени, ќе го реализираме проектот Супер лига

Објавено

на

Флорентино Перез дал изјава за француски „Лекип“, а во неа ја коментира новата ситуација поврзана со Супер лигата.

Откако Челси и Манчестер Сити најавија повлекување, медиумите веќе го прогласија проектот за неуспешен, но претседателот на Реал Мадрид не се сложува со таквата констатација.

– Точно е дека ситуацијата сериозна, но имаме договор дека ќе се обидеме да најдеме решение. Никој не е под притисок.

– Сигурен сум дека Баерн Минхен и ПСЖ ќе ни се приклучат на крајот, но досега не сме седнале да разговараме. Тимови како Ленс исто така ќе можат да и се приклучат на Супер лигата и да соработуваат со другите клубови со кои во моментов не се на иста позиција, – изјавил Перез.

Тој потврдил дека Реал продолжува со настапите во Лигата на шампионите, каде обезбеди полуфинале.

– Секако дека ќе продолжиме да играме, уцените и заканите не се решение. Нема да има никакви санкции и заштитени сме од законот, – вели првиот човек на Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни