Шпанија
Перез со сериозен напад распали по УЕФА и Ла Лига: Новиот формат на ЛШ е апсурден и ќе ги оддалечи фановите од фудбалот!

Флорентино Перез го одработи годишното собрание пред сосиосите во Реал Мадрид и даде отчет за својата работа и реконструкцијата на „Сантијаго Бернабеу“, но го искористи своето долго обраќање за да испрати низа сериозни напади кон луѓето кои го водат фудбалот во Шпанија и Европа.
Претседателот на Реал Мадрид им објави „војна“ на Хавиер Тебас и Александер Чеферин како водечки претставници на Ла Лига и УЕФА, од едноставна причина што смета дека тие работат само за свое добро и збогатување на своите организации, а не за добро на клубовите.
Перез е посебно критички настроен кон новиот формат на Лигата на шампионите кој ќе биде реализиран од следната сезона, а според кој ќе се отстапи од досегашниот традиционален формат и ќе се примени таканаречен „швајцарски систем“ на разигрување кој навистина не е атрактивен.
– Првите луѓе на УЕФА работат контра клубовите, одат во спротивна насока. Имаат намера да ја реформираат Лигата на шампионите и ова натпреварување ќе стане еден необичен и апсурден проект без фудбалска смисла. Ќе нема домашни и гостински натпревари, ќе има само повеќе натпревари и тоа ќе биде апсурдно. Правата за годинешното издание на Лигата на шампиони ги продадовме за 360 милиони евра, а за 2024-та година ќе има 189 натпревари, а ќе добиеме 340 милиони. 64 натпревари повеќе, а 40 милиони евра помалку. Тоа говори се за атрактивноста на форматот и проектот.
– Овој нов формат уште толку ќе ги оддалечи нашите фанови од фудбалот. Новиот модел не е оној кој го сакаат фановите од целиот свет, тоа е формат кој им одговара само на луѓето од УЕФА, систем типичен за луѓе кои се заостанати во времето. Не се земаат во предвид желбите на фановите и потребите на клубовите. УЕФА продолжува со својот монопол и тоа го прави 30 години наназад.
– Тоа што се случува во Европа е едно, но тоа што се случува во Шпанија е уште позагрижувачко. Ла Лига имаше јасни излагања против реал Мадрид, одат против наследството кое го има оставено овој клуб. Ние имаме 100 илјади партнери и мора да страдаме за да се справиме со нив. Сакаа да го сменат законот за да можат да диквалификуваат претседатели на клубови. Добро знаеме што сакаа да направат, сакаа да имаат свои луѓе во клубовите. Ла Лига се обиде да ни наметне и финансиски фонд кој ќе ни зимаше 11 процени од правата. Имаше многу незаконски работи, а против бевме само ние, Барселона и Атлетик Билбао, – објаснува Перез.
-
Италијапред 23 часа
Таткото на Кварацхелија откри за кој тим сонува неговиот син: Сите во нашето семејство се нивни фанови
-
Македонијапред 17 часа
(ФОТО) Новиот автомобил на Иџе пристигна во Скопје
-
Италијапред 17 часа
Малдини откри како бил отпуштен од Милан и распали по првиот човек на клубот
-
Германијапред 9 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Конференциска лигапред 22 часа
Навивачите на Абердин го прекинаа мечот во Европа: Го гаѓаа противничкиот голман со снежни топки (Видео)
-
Шпанијапред 11 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Шпанијапред 21 час
Анчелоти за играчот кој им се извинуваше на фановите на Реал: Тој што работи секогаш, нема потреба да го прави тоа (Видео)
-
Шпанијапред 20 часа
Флорентино и Чоло уловени во интересна конверзација: Ќе бидеш горд…… (Видео)