Поврзете се со нас

Формула 1

Перез шокиран од несфатливиот потег на Ферстапен: Го покажа вистинското лице, поради мене има две титули! (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/redbullracing

Трката за Големата награда на Бразил ни донесе еден сосема поинаков расплет од она што навикнавме во последно време, бидејќи Ред Бул не беше ниту приближно брз како обично, а Мерцедес го потврди својот напредок и оствари прва победа преку Џорџ Расел.

Во моменти кога се решени титулите во поединечна и конструкторска конкуренција, најжива е трката за второто место во генералниот пласман, а таму тесна битка водат Шарл Леклер од Ферари и Серхио Перез.

Одговорот за тоа кој ќе заврши втор ќе го добиеме на последната трка во Абу Даби, но пред да дојде до неа, Чеко остана шокиран и разочаран од својот тимски колега.

Ред Бул преку тимското радио побара од Ферстапен да го пропушти Перез и да му овозможи да освои повеќе бодови, но светскиот шампион го одби тоа и со својот несфатлив потег го навлече гневот кај фановите, но особено кај Мексиканецот кој не се штедеше по крајот на трката.

– Сега го покажа вистинското лице, – разочарано порача Чеко преку тимското радио, а уште пожесток беше на првото интервју.

– Навистина сум многу изненаден. Не го сфаќам неговото однесување и причината за тоа после се што направив за него. Има две шампионски титули благодарение на мене, – изјави разочараниот Чеко, алудирајќи на големата помош која ја доби Макс од него минатата натпреварувачка сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни