Поврзете се со нас

Шпанија

Перез „репетиран“: Флорентино даде експресен одговор откако фан на Реал го праша дали ќе го купи Мбапе (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Флоренетино Перез ги активираше сите свои соработници откако стана јасно дека Реал ќе претрпи посериозна промена во првиот тим ова лето, бидејќи во период од неколку дена се збогуваа со Асенсио, Азар, Маријано и Бензема.

Најголемо изненадување испадна заминувањето на францускиот напаѓач и Карло Анчелоти веќе побара директна замена за него, но последните вести од Шпанија велат дека претседателот сепак ќе почека една година за режирање на вистинска „бомба“.

Реал сигурно ќе мора да донесе нов центарфор, но планот останува да не се фрлат многу пари ова лето, бидејќи идејата е наредната година конечно да се донесе Килијан Мбапе.

Како поддршка на оваа теза приситгнува и едно видео од шпанската престолнина, на кое се гледа како Перез како „репетиран“ одговара на прашање кое му го постави фан на Реал.

– Ќе го донесеш ли Мбапе?

– Да, но не оваа година, – одговара Перез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни