Поврзете се со нас

Формула 1

Перез профитираше од малерот на Расел и стигна до прва победа во Ф1 кариерата

Објавено

на

Серхио Перез стигна до првата победа во кариерата во Формула 1, профитирајќи најмногу од грешките на Мерцедес, односно проблемот на Џорџ Расел во завршницата на трката за ГН на Бахреин.

Мексиканецот го искачи тимот на Рејсинг Поинт на највисокото место на пиедесталот иако уште во првиот круг беше дел од инцидентот во кој имаше контакт со Шарл Леклер и мораше да оди во боксот.

По тој инцидент, трката ја завршија Леклер, но и Макс Ферстапен, кој беше колатерална штета откако не успеа навреме да ги заобиколи двата болида и заврши во заштитниот ѕид.

Оттогаш започна доминацијата на Мерцедес, во која Расел, кој денеска го менуваше Луис Хамилтон и Валтери Ботас имаа сигурна предност, но во вториот дел од трката при активно безбедносно возило, механичарите на Мерцедес направија грешка со пневматиците на двајцата возачи и тоа значеше нивен пад на четвртото и петтото место.

Расел во продолжение успеа лесно да стигне до втората позиција, беше јасно дека е побрз од Перез, но следуваше голем малер за него, односно пукнат пневматик поради кој мораше повторно во боксот и на крајот мораше да се задоволи само со деветто место и први бодови во Ф1 кариерата.

На победничкиот пиедестал, покрај Перез се најдоа Естебан Окон од Рено и Ленс Строл, вториот возач на Рејсинг Поинт кој се најде меѓу првите тројца.

Од третото место до Расел се најдоа Саинц, Рикардо, Албон, Квјат и Ботас, додека Норис го освои десеттото место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни