Поврзете се со нас

Шпанија

Перез посебно му се обрати на Тони Крос, Германецот доби громогласни овации (Видео)

Објавено

на

foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид ја слави 15-та титула во Лигата на шампионите и агендата на „кралевите“ е навистина набиена во текот на денешниот ден, а една од работите кои мораа да ги исполнат беше и стандардната посета во градската општина.

Играчите на Реал беа пречекани во седиштето на градот Мадрид и уште еднаш добија пофалби за тоа што се најдобри амбасадори на шпанската престолнина, па покрај говорот на претседателката Ајусо, во прв план се најде и обраќањето на Флорентино Перез.

Пренсот одеше во живот на официјалната телевизија на Реал Мадрид и првиот човек на клубот почувствува потреба да има ново обраќање пред фудбалерите, а говорот го заврши со посебна благодарница за Тони Крос.

– Повредите беа голема пречка кој овој тим успеа да ја надмине, тука сме пред легенди на Реал Мадрид и легенди во светскиот фудбал. Драги играчи, сакам да знаете дека ни носите радости кои никогаш нема да ги заборавиме. Некои од вас достигнаа бројки кои ги имаше остварено само нашиот сакан Пако Генто.

– Шест титули во Европа. Тоа го имаат Начо, Карвахал, Лука Модриќ и некој на кој мора да му се заблагодариме за тоа што го правеше на теренот и надвор од него. Ти благодариме Тони Крос. Ти благодариме за твојата совршеност, за твоето примерно однесување низ сите овие години, – порача Перез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни