Поврзете се со нас

Шпанија

Перез откри што му порачал на Винисиус по симултанката против Барса

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Флорентино Перез беше осамен во вип ложата во Ријад и самостојно го гледаше победничкиот од на неговите фудбалер во „Ел Класико“ финалето против Барселона, по што претседателот на „кралскиот клуб“ не го криеше задоволството по новата титула во своите витрини.

Првиот човек на клубот од шпанската престолнина посочи дека не е изненаден од убедливата победа над лутиот ривал, но откри и што му порачал на Винисиус по крајот на мечот.

– Дали сум изненаден од конечниот резултат? Искрено не сум, ова знае да се случи на вакви натпреварувања. Нормално е да се игра поопуштено во вакви финалиња. Одигравме многу добро на двата меча, постигнавме девет гола на двата натпревари и мислам дека сите фудбалски фанови уживаа и се забавуваа.

– Винисиус? Тој брилјира речиси секогаш. Не е нормално да дадеш три гола на „Ел Класико“, и тоа во едно полувреме. Одигра неверојатен натпревар, но често го прави тоа.

– Понекогаш може да му се забележува за тоа што не дава голови, но напорот кој го вложува секогаш е ист. Секогаш се залага за тимот и има феноменален пристап. Тој е млад и секоја година ќе биде уште подобар. За мене е еден од најдобрите во светот и по победата го предизвикав: Побарав од него да постигнува повеќе голови во иднина, – изјави Перез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни