Перез обелодени зошто Роналдо си замина од Реал

florentino-perez-cristiano-ronaldo

Во летниот преоден рок најголемиот и најзвучниот трансфер беше преселбата на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус.

За дел од јавноста тоа беше изненадување, за дел тоа беше очекувано со оглед на тоа што самиот Роналдо по триумфот во ЛШ го најави заминување. На крајот Португалецот заврши во Торино, а пак сега првиот човек на „кралевите“ Флорентино Перез ги откри вистинските причини за самата зделка.

-Најпрофитабилната продажба оваа година беше онаа на Кристијано. Тој сакаше да замине од лични причини и кога сите ќе се приближат кон едно решение ќе постигнете договор. Никој не понуди повеќе од 100 милиони евра на Јувентус. Не можеме ништо да направиме, но на Роналдо му се заблагодаруваме за се што направи за нашиот дрес. Тој е најдобрио по Ди Стефано и ова секогаш ќе биде неговиот дом, -порача Перез.

Facebook Коментари