Поврзете се со нас

Свет

Перез: Невозможни се трансфери на Халанд и Мбапе без Суперлигата

Објавено

на

Флорентино Перез ја имаше улогата на прв човек на новиот фудбалски проект европска Суперлига, проект кој тешко дека засега ќе профункционира со оглед на тоа што се откажаа најголемиот дел од екипите основачи на истиот.

Сепак идејата е понатаму активна и тоа го посочи само Перез кој тврди дека со Суперлигата може да се спаси фудбалот. Претседателот на Реал Мадрид воедно смета дека без ова ново натпреварување нема да има трансфери на Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе, двајца играчи кои во моментов се две ѕвезди кои се поскаувани од сите големи тимови.

-Генерално, нема да има големи трансфери ова лето. Кога парите не се слеваат од богатите клубови во сиромашните клубови, сите страдаат. Невозможно е да се направат засилувања како Мбапе и Халанд, воопшто, не само за Реал Мадрид, без Суперлигата.

-Ако не го потпишеме Мбапе летово, мислам дека ниту еден навивач нема да си пука во главата. Тие знаат дека даваме се од себе и ако работите не се случат, тоа е затоа што се невозможни, -порача Флорентино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни