Поврзете се со нас

Формула 1

Перез не промени пневматици толку долго, што Хамилтон мислеше дека го престигнува за цел круг (Видео)

Објавено

на

Луис Хамилтон победи на Формула 1 трката во Португалија, а успехот дојде откако болидот на Мерцедес имаше најдобри перформанси на оваа патека, но и по одличните потези на светскиот шампион, кој умешно ги претекна Макс Ферстапен и Валтери Ботас.

Хамилтон во продолжение од трката имаше уште едно претекнување, но ги изнасмеа коментаторите поради својата лоша проценка.

Се работеше за Серхио Перез кој остана најдолго на патеката без да ги замени пневматиците, а кога Хамилтон го стигна, се чудеше зошто нема сини знамиња, кои се знак за возачите да ги пропуштат болидите кои ги престигнуваат за цел круг.

Британецот доби брза информација преку радио комуникацијата дека мора да го претекне возачот на Ред Бул без асистенција на стјуардите, затоа што тој се уште не бил во боксот и во моментот беше на првата позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни