Поврзете се со нас

Шпанија

Перез направи лапсус: Флорентино го помеша Модриќ со големата НБА ѕвезда и самиот си се насмеа (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид денеска организираше институцијално испраќање на големиот Карим Бензема, кој после цели 14 години реши да го напушти својот втор дом и да замине на печалба во Саудиска Арабија.

Французинот ги има договорено сите детали за трансфер во Ал Итихад и ќе стане еден од најплатените играчи на денешницата, но тоа го прави и поради добрата волја на Реал кој го ослободи и му дозволи сам да решава за својата иднина.

„Кралевите“ го испратија како што доликува и Карим позираше со сите 25 трофеи кои ги освои во изминатите 14 години, а покрај говорот кој сам го одржа, неколку збора прво испрати Флорентино Перез.

Претседателот на Реал важи како втор татко на Бензема и нивната врска е навистина посебна, но првиот човек на Реал се најде во фокусот поради лапсусот кој го направи додека ги набројуваше луѓето со кој Карим ја мина кариерата во првиот тим.

– Тренерот Анчелоти, неговите соиграчи Начо, Лука Дончиќ…. Лука Модриќ, Лукас Васкез…….

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни