Поврзете се со нас

Свет

Перез конечно се огласи: Супер лигата не е мртва, не ни добивме шанса да го објасниме проектот

Објавено

на

Флорентино Перез мораше да го одложува своето закажано интервју за радиото „Кадена Сер“ поради сериозниот потрес кој го предизвикаа шесте англиски премиерлигаши кои се откажаа од проектот наречен Супер лига, па 24 часа подоцна, точно на полноќ, првиот човек на Реал Мадрид беше гостин во специјализираната емисија „Ел Ларгеро“.

По 48 часовен молк, Перез како претседател на Супер лигата даде одговори за сите тешки удари кои ги доби од потписниците во краток временски интервал, но тој тврди дека неговото натпреварување во кое огромен удел има и Андреа Ањели, се уште не е мртво и ќе се чека нова шанса за реализирање на идејата и концептот.

– Со години работиме на овој проект, најмалку три години. Навистина сум тажен, најверојатно не го објаснивме како што требаше. Три години работиме напорно и идејата беше да бидеме солидарни. Верувајте, домашните првенства се недопирливи, но мораше да пронајдеме начин да заработиме повеќе пари во текот на неделата. Форматот на Лигата на шампионите е застарен и натпреварувањето е интересно само од четвртфиналето до крајот. Минатата година загубивме 650 милиони евра и овој формат не функционира, не е продуктивен за никого. Не смеат големите да губат пари на сметка на малите.

– Никогаш немав видено ваква агресивност и напади од еден претседател на УЕФА. Ова беше оркестриран напад, никогаш не сум видел вакво нешто. Имаше закани и навреди, како да сме убиле некого. Ние сакаме да го спасиме фудбалот. Не го очекувавме ова од Англичаните, но очигледно меѓу нив имало некој кој не е многу заинтересиран. Ова беше изманипулирана кампања против нас, користеа и валкани оружја, велеа дека ќе го убиеме фудбалот. Сите 12 потписници имаат обврзувачки договор. Можевме да вклучиме и други клубови. Клубовите кои се повлекоа, го направија тоа бидејќи УЕФА направи спектакл, негативен спектакл. Има и наша вина, не го објаснивме натпреварувањето најубаво, но не ни дадоа ниту шанса.

– Супер лигата не е мртва. Проектот во овој момент е во мирување. Кога има пари, има пари за сите. Сите сме заедно во ова и размислуваме што ќе правиме во иднина. Во текот на денешниот ден, трипати се слушнав со Ањели. Јувентус не се откажува.  Не сум сам во ова, бараме начини како да ги искористиме овие пари кои ги договоривме со банката „JP Morgan“. Ќе направиме грев ако не го разгледаме овој формат. Зборував и со Лапорта и тој се уште го поддржува проектот, секако дека останува со нас. Реагираа против нас и не нападнаа со форми кои не се нормални, – посочи Перез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни