Поврзете се со нас

Шпанија

Перез ја комплетираше четвртата важна операција, на ред е Бензема

Објавено

на

Реал Мадрид дозволи заминувања на Серхио Рамос и Рафаел Варан, но во ситуација кога не е баш активен на трансфер пазарот, Флорентино Перез се обидува да го сочува барем она што го смета се уште за круцијално во првиот тим.

Претседателот на Реал не му го продолжи договорот на капитенот Рамос и го ослободи да преговара со ПСЖ, но затоа тоа го направи со Модриќ, Начо и Лукас, а сега истиот рецепт го повторува со уште еден од староседелците во првиот тим.

Карло Анчелоти во првите неколку дена по враќањето истакна дека е воодушевен од работата на ветераните во „кралскиот клуб“, а еден од нив секако е Дани Карвахал кој ги договорил сите детали за обезбедување нов долгорочен престој во матичниот клуб.

Најпрестижните мадридски весници „Марка“ и „АС“ излегоа со ексклузивна информација ова попладне, со која споделија дека во наредните неколку часа, клубот ќе ја пренесе веста за обновената соработка со десниот бек кој е и шпански репрезентативец.

Карвахал ставил потпис на нов четиригодишен договор и ќе остане во Реал до 2025-та година, а според инсајдерските информации на двата извори, следен на листата на Перез за продолжување на договорот е Карим Бензема.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни