Поврзете се со нас

Шпанија

Перез и Зидан брзо донесоа конечна одлука за Кавани

Објавено

на

blank

Угледната „Марка“ вчера попладне ја пренесе ексклузивната вест, во која на јавноста и беше откриено дека агентот на Единсон Кавани доставил сензационална понуда до Реал Мадрид, нудејќи го својот клиен на претседателот Флорентино Перез.

Ова се случило неколку часа пред првиот меч на Реал Мадрид против Реал Сосиедад во новата сезона, но два дена по добивањето на неочекуваната понуда, Флорентино Перез и Зинедин Зидан доста брзо донеле одлука која нема да им се допадна на навивачите, но која е за доброто на клубот.

„Марка“ денеска ја надополни својата ексклузива од вчера и порачува дека Реал Мадрид нема да го ангажира Кавани кој е слободен агент, особено во ситуација кога Уругваецот барал 7 милиони евра по сезона за постигнување договор со клуб кој сака да го има на располагање.

Перез уште на почетокот на летото најави дека Реал Мадрид нема да изрежира ниту еден поголем ангажман поради финансиската криза која ја предизвика коронавирусот, а сега брзо се договорил со Зидан дека нема да го доведат напаѓачот кој им се нуди, посебно кога во клубот размислуваат за второ кратење на платите кај актуелните играчи во првиот тим.

– Нема да биде етички да донесеме нов фудбалеро во ситуација кога започнавме преговори за второ кратење на платите кај играчите, – гласи пораката која ја добиле во редакцијата на „Марка“, а која воедно ни открива дека Реал Мадрид нема да купи ниту еден играч до крајот на летниот преоден рок, она што веќе го најави Перез.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни