Поврзете се со нас

Шпанија

Перез и Винисиус му кажале „НЕ“ на најголемиот трансфер во историјата на фудбалот!

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Угледната „Марка“ оваа вечер излезе со една своја интерена ексклузива, откривајќи и на јавноста дека Флорентино Перез и Винисиус Жуниор го одбиле најголемиот трансфер во историјата на фудбалот.

Саудиските клубови се повеќе земаат замав на европскиот пазар и веќе успеаја да „украдат“ ѕвезди како Кристијано Роналдо и Карим Бензема, а неодамна трансфер во оваа земја направи и капитенот на Реал Мадрид.

Начо ја прифати понудата од Ал Кадсиах и не го потпиша новиот договор кој му беше понуден од Перез, но всушност првиот човек на Реал имал многу поголем предизвик ова лето.

Ал Ахли понудил цело богатство од кое во секоја ситуација би профитирале и Винисиус Жуниор и Реал Мадрид, но напаѓачот одбил речиси една милијарда долари за пет години, а Реал Мадрид стотици милиони долари за трансферот.

Според изворите на „Марка“, висината на понудата изнесувала многу повеќе од рекордните 222 милиони евра на Нејмар, меѓутоа истата вооопшто не се разгледувала откако и самиот Вини не тргнал по милионите кои би ги решиле сите финансиски прашања за неколку негови поколенија.

Ал Ахли сакал да ги помести границите со понудата која била подготвена за бразилскиот фудбалер, но очигледно желбата и мотивот на Бразилецот се уште се исти, а тооа е да се докажува на највисоко ниво во Европа и со соиграчи како Модриќ, Белингам, Родриго и Мбапе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни