Поврзете се со нас

Формула 1

Перез ги потисна ривалите од Ферари за прва пол-позиција во Ф1 кариерата

Објавено

на

Серхио Перез од тимот на Ред Бул успеа да ја добие квалификациската битка со ривалите од Ферари и ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка за Големата награда на Саудиска Арабија.

Шарл Леклер и Карлос Саинц имаа најдобри времиња се до последниот летечки круг на Мексиканецот, кога Перез постигна најдобро време и стигна до првата пол-позиција во Формула 1 кариерата.

Зад Перез се најдоа Леклер и Саинц од Ферари, додека актуелниот шампион Макс Ферстапен ќе ја започне утрешната трка од четвртата позиција.

До десеттата позиција се пласираа Окон, Расел, Алонсо, Ботас, Гасли и Магнусен, додека двоецот на Мекларен, Норис-Рикардо ќе стартува од единаесеттото и дванаесеттото место.

Луис Хамилтон ги разора своите фанови откако не успеа да ја мине првата квалификациска сесија и ќе стартува од позицијата број 16. Квалификациите беа прекинати во втората сесија поради судирот на Мик Шумахер, кој беше префрлен на задолжителни прегледи.

Шумахер имаше страшен судир во Џеда, Хас со први информации за инцидентот (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни