Поврзете се со нас

Шпанија

Перез ги откри своите планови за следната сезона: Зидан останува, ситуацијата со Модриќ и Рамос не е иста

Објавено

на

Флорентино Перез во ексклузивното интервју за „Ел Ларгеро“ стави главен акцент на Супер лигата и говореше за тоа како проектот доби колапс во период пократок од 48 часа, но исто така, говореше и за тешката финансиска криза со која се соочуваат сите клубови, а која прави да има се помалку важни трансфери во фудбалот.

Без Супер лигата, Перез вели дека е невозможно да видиме трансфери на Мбапе и Халанд претстојното лето, но истовремено, направи и кратка анализа за сето она што го планира во Реал Мадрид како претседател кој ќе го започне шестиот мандат во „кралскиот клуб“.

– Можам да потврдам дека ситуацијата со Модриќ е решена. Со Лука имаме договор за продолжување на соработката и тој останува со нас. Со Рамос не е исто. Го сакам Рамос како свој син, но тој знае каква е ситуацијата и ќе мора да се бараат други решенија. Јас го купив Рамос, сакам сите да останат, но ќе зависи од конечната ситуација во клубот. Ќе мора и да продадеме некој играч, – вели Перез кој својот проект го гледа со Зидан на чело.

– Имаме многу млади играчи и се покажа дека вложувањето во млади е добро. Тоа ни даде резултати, сите сакаат да играат за Реал. Зидан има договор со нас и нашиот план оди со него. Тој е легенда на Реал Мадрид и еден ден ќе си оди, но како вистински легенда, – потенцира Флорентино и додава.

– Ги имаме најдобрите играчи во светот. Одбраната е многу добра и трае со години, средниот ред е пример за сите останати. Може да го подновиме составот, но нема да направиме револуција, – најавува Перез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни