Перез даде едно значајно ветување при претставувањето на Одриосола

odriozola-perez

Реал Мадрид денеска и официјално го претстави своето второ летно засилување, но сепак шпанските новинари многу поголемо внимание обрнаа на говорот кој го имаше претседателот Флорентино Перез поврзан за трансфер целите на клубот ова лето.

Заминувањето на Кристијано Роналдо предизвика фудбалски „земјотрес“ и го стави Реал во ситуација да има реакција на трансфер пазарот, а по промоциите на Лунин и денешната на Алваро Одриосола, Перез даде ветување дека клубот ќе доведе уште неколку фантастични фудбалери до крајот на летниот преоден рок со која ќе бидат задоволени аптетите на клубот и фановите.

– Реши да дојдеш во клубот кој има највисоки барања. Не заборавај дека Реал Мадрид никогаш не се предават и дека тука сакаме да бидеш најсреќен. Тука твојот сон станува реалност и ова е најголем предизвик во твојата кариера. Ти благодарам што не избра нас, – му се обрати Флорентино на Одриосола и додаде.

– Имаме одличен состав кој во брзо време ќе биде засилен со фантастични фудбалери, тоа е она што ќе го кажам во овој момент. Одриосола го сакаа големи клубови, а тој на крајот на избра нас, – одговори Перез.

Овој одговор секако се однесува на последните шпекулации поврзани за Тибо Куртоа и Еден Азар за кои се верува дека се на прагот од „Сантијаго Бернабеу“, но шпанските медиуми информираат дека Перез размислува и на трета „бомба“, односно ангажирање на напаѓач од светска класа.

Facebook Коментари