Поврзете се со нас

Англија

Переира ја издвои ѕвездата која најмногу потфрлила во Јунајтед: Сите мислевме дека ќе ја освоиме титулата со него

Објавено

на

Андреас Переира мина 11 години како член на Манчестер Јунајтед и беше во сопственост на „ѓаволите“ до пред две сезони, но Бразилецот сега својата среќа ја пронајде во Фулам каде игра редовно во тимот на Марко Силва.

Бразилскиот фудбалер беше праќан на низа позајмици и доби неколку шанси со различни менаџери во Јунајтед, но сепак никогаш не успеа да се наметна и сега признава дека атмосферата во клубот не помогнала да се излезе на прав пат.

Всушност, Переира вели дека многу поголеми ѕвези не успеале да се снајдат на „Олд Трафорд“, а според него најголемо разочарување бил Анхел Ди Марија.

– Во фудбалот постојат моменти кога не се поклопуваат коцките. Некои работи не одат како што посакувате, но тоа не значи дека сте срање како фудбалер. Видов многу големи имиња кои не успеаја во Јунајтед, видов многумина кои не играа добро. Ако треба да изберам еден, тоа е Анхел Ди Марија. Тој беше неверојатен од првата тренинг серија.

– Кога го видовме на првиот тренинг, сите помисливме дека ќе ја освоиме лигата со него. Тој дојде од финалето во Лигата на шампионите, беше најдобар на тој натпревар и беше страшен играч. Тргна добро, постигна неверојатен гол против Лестер, а потоа следеше голем пад. Едноставно не се адаптираше, а потоа имаше и проблем во семејството. Се прашував како може ваков играч да не игра за Јунајтед. Тешко е да се игра за Јунајтед, а уште потешко да се носи „7-та“ која тој ја избра, – вели Переира.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни