Поврзете се со нас

АТП

Пер: Тенисот е с*ање, играм само за парите

Објавено

на

Беноа Пер со години е еден од најдобрите француски тенисери, но и играч кој воедно знае да се исклучи за време на натпреварите, да има луди реакции, ама и да дава контроверни изјави по истите.

Вчера Пер загуби од Џордан Томпсон (2-1) во првото коло на Мастерсот во Монте Карло, а по тој дуел даде изјава во негов стил за тоа како гледа на тенисот во овој момент.

-Не очекувам ништо од тенисот, ништо не ми е важно. Нема магија, грдо е да се игра пред празни трибини. Кога ќе дојдам на натпревар без публика, ми доаѓа да си одам дома. Во моментов не ме интересира тенисот затоа што тоа е срање, го играм само заради парите, -порача Французинот кој е на 35 место на АТП ранг листата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни