Пепи Манасков: Пласман во вториот круг е успех за Македонија, ќе имаме многу проблеми ако…

mkd tajm-aut

Македонската ракометна величина, Пепи Манасков направи анализа и го кажа својот став за нашата репрезентација во пресрет на Европското првенство кое за неколку дена започнува во Хрватска.

Ние сме во групата Ц во Загреб каде ќе излеземе на мегдан со бранителот на пехарот Германија, негзодната Словенија која е наш прв противник на шампионатот и селекцијата на Црна Гора.

– Очекувам поинаква Македонија, бековската линија е подмладена. Талески и Кузмановски треба на овој шампионат да го покажат својот квалитет. Уште не се зрели, меѓутоа доста напредуваа играјќи за своите клубови. Го имаме искусниот Лазаров на десната позиција, ама постои дефицит на истата. Лазаров е веќе во години и прашање е дали ќе може да го издржи напорното темпо на ЕП. Македонија е лимитирната, немаме фонд на млади играчи, немаме голем избор на бековските позиции и ќе имаме проблем. Имаме една постава, ама не е премногу опции. Ако голманите не бидат на завидно ниво ќе имаме големи проблеми, -истакна Пепе за „Балкан-Хендбал“.

Во однос на тоа што за нас би било успех легендарниот Манасков вели:

-Еуфорија како еуфорија. Нормално е луѓето да го сакаат својот тим, да оди понатаму, ама реалноста и желбата често не се исти. Пласман во вториот круг е успех, се подалеку од тоа е одлично, -додава велешанецот.

Првата средба против Словенија ја играме на 13 јануари, два дена подоцна ќе се соочиме со Црна Гора, а пак Германија ќе ни биде ривал на 17 јануари.

Facebook Коментари